Skip to content


Советувања за закрепнување и издржливост на бизниси

Донесувајте информирани одлуки како да се справувате со последиците од коронавирусот (COVID-19).

За програмата

Victorian Government соработува со Victorian Chamber of Commerce and Industry (VCCI) во подготвувањето на една програма за давање совети на бизниси, со цел да им се помогне на малите бизниси да се справуваат со економските тешкотии предизвикани од рестрикциите заради помош во забавувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19).

Низ оваа програма, сопствениците на бизниси што ги исполнуваат условите може да добијат до четири двочасовни советодавни сесии со искусен професионалец кој ќе им помогне да донесуваат информирани одлуки за иднината на нивните бизниси

Програма нуди приспособени упатства за:

  • Закрепнување на бизниси – за засилено закрепнување на бизнисот (намалување на трошоците, справување со долгови и промет на финансиски средства)
  • Трансформација на пазарот – за разбирање како коронавирусот COVID-19) ги покрена или забрза промените на пазарот
  • Образование за користење дигитални медиуми и ангажирање – за да им се помогне на бизнисите да дојдат до нови потрошувачи и пазари
  • Диверзификација на пазарот и на ланецот на снабдување – за да се намали изложувањето на ланецот на пазарот на ризици
  • Здобивање нови знаења и преобука – за помош на бизнисите да ја зголемат стручноста на нивната постоечка работна сила

Притиснете го копчето 'Apply now' за да се пријавите на веб-страницата на VCCI.

Пријавете се сега

Каква поддршка се нуди?

Сопствениците на бизниси кои ги исполнуваат условите ќе бидат поврзани со искусен професионалец кој ќе им даде до четири индивидуални советодавни сесии во период од три месеци. Секоја сесија ќе трае два часа. Советодавните сесии ќе се изведуваат по телефон, како видео-конференции и, ако е соодветно, лице-в-лице. Пред да им се додели советник, од пријавените сопственици на бизнис ќе биде побарано да пополнат кус прашалник заради процена на конкретните потреби за закрепнување на нивните бизниси.

По првичната сесија, пријавените сопственици на бизнис ќе добијат детални акциони планови, со совети конкретно приспособени на индивидуалните потреби на нивните бизниси.

Исто така, пријавените сопственици на бизнис ќе бидат поврзани со натамошна поддршка за нивните бизниси, според потребите.

Тоа може да вклучува финансиски совети, стучност и подучување за дигитални медиуми и, и поддршка за ментално здравје и обука.

Советникот потоа ќе закаже до три натамошни сесии со пријавениот сопственик на бизнис во текот на наредните три месеци, за да го провери неговиот напредок и да даде дополнителна поддршка и упатства, ако се потребни.

Користи за бизнисот

Оваа програма им помага на бизнисите:

  • да создадат приспособени стратегии за закрепнување, пазарна трансформација, образование за користење дигитални медиуми, диверзификација на ланецот на снабдување и зголемување на стручноста на постоечките вработени
  • да ги намалат ризиците и финансиската изложеност
  • да се поврзат со други видови владина поддршка и локални професионални служби.

Кои вид бизниси може да се пријават за програмата?

Програмата е на располагање на сопствениците на мали бизниси со помалку од 20 вработени со полно работно време (full-time). За целите на програмата, сопственик на мал бизнис може да биде индивидуално лице, партнерство, приватна компанија или застапништво (trust) што работи како мал бизнис. Дваесет вработени со полно работно време значи вкупен број на сите стандардни часови одработени од сите вработени (со полно работно време или со скратено работно време (part-time) во стандардни часови според дефиницијата на Австралиското статистичко биро (Australian Bureau of Statistics).

Бизнисите исто така мора:

  • да имаат активен Australian Business Number (ABN)
  • да не се јавна компанија, добротворен бизнис (бизнис кој не работи за профит) или здружение на сопственици (body corporate) според Body Corporate and Community Management Act 1997
  • да имаат намера повторно да почнат или да продолжат да работат во Victoria

Како да се пријавите

Притиснете го копчето Пријавете се сега (Apply now) за да се пријавите на веб-страницата на VCCI.

Ако ви треба помош околу пријавувањето, ве молиме јавете се на VCCI на 03 8662 5333.

Пријавете се сега

Close quick view window