Skip to content


Државни празници и работно време на продавниците

Ги наведува датумите на државните празници во Викторија за 2016 г.

  • Државни празници во Викторија во 2016 г
Празник2016 г.
Нова ГодинаПеток 1 јануари
Ден на АвстралијаВторник 26 јануари
Ден на трудотПонеделник 14 март
ВелипетокПеток 25 март
Велика саботаСабота 26 март
ВелигденНедела 27 март
Понеделник по ВелигденПонеделник 28 март
Ден на борците АNZACПонеделник 25 април
Роденден на кралицатаПонеделник 13 јуни
Петок пред големото финале на Австралиската Фудбалска Лига (АФЛ)Петок 30 септември
Мелбурншки куп*Вторник 1 ноември
БожикВторник 27 декември
(Замена за недела 25 декември)
Денот по БожикПонеделник 26 декември

 

*Важи за цела Викторија освен ако некоја од Општините што не припаѓаат кон Мелбурн назначила друг ден за локално празнување.

Напомена: Сите датуми на државните празници се точни во времето на објавувањето, ама може да бидат променети.

Денови во кои продавниците не смеат да работат

Законот во Викторија наведува дека секоја година има два и пол дена во кои продавниците не работат:

  • Велипеток
  • Божик
  • времето меѓу 12.01 ч. претпладне и 1 ч. попладне на Денот на борците ANZAC.

Во тие денови само одредени продавници смеат да отворат.

Продавници што се исклучени од правилото

Продавници што се исклучени од правилото се бизнисите што ги исполнуваат следните услови:

  • во продавницaта се вработени 20 или помалку лица во било кое време во текот на деновите кога продавниците не смеат да работат; и
  • бројот на лицата вработени во бизнисот и во неговите подружници не изнесува повеќе од 100 во било кое време во текот на 7 дена што непосредно му претходат на денот во кој продавниците не смеат да работат.

Исклучоци од законот за неработни денови

Одредени видови на бизниси се исклучени од било каква забрана за работење во текот на празниците. Следните продавници можат да бидат отворени секогаш кога сакаат во текот на целата година:

  • аптеки
  • бензински пумпи
  • ресторани
  • кафулиња
  • продавници за готова храна
  • даватели на услуги
  • продавници за изнајмување (вклучувајќи и видеотеки).

Преведувачка служба (Тranslating Interpreting Service) или Викториска служба за јазично поврзување (VITS Language Link) 13 22 15